Јавното претпријатие „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес, објавува јавен повик за вршење на одбелжување на спортски терен во Спортска сала „Гемиџии“ Велес.

Јавно објавениот оглас ќе трае до 20.09.2022 година во кои пондувачите треба ја да поднесат следната документација:

  • Понуда со бруто цена за одбележување на спортски терен до ЈП,
  • документ за вршење на дејност и
  • тековна состојба на субјектот

Применувајќи ги правилата и прописите на спортските федерации за реализација на тренинзи и спортски натпревари, потребно е да се изврши одбележување на ЦЕНТАР на спортскиот терен во Спортска сала „Гемиџии“ Велес.

Сите заинтересирани имаат можност да извршат увид на лице место, за време на траење на објавата.

Барањата се поднесуваат во Спортска сала „Гемиџии“ во период од 07:30 до 15:00 часот или на  е-маил: jpssoparksportveles@gmail.com

По завршување на објавата, комисијата за избор на најповолна понуда ќе изврши увид во документацијата и за најповолната понуда ќе даде препорака до Директорот на ЈП за склучување на договор за реализација на одбележувањето.

 

                                                                                                                                                                Директор,

                                                                                                                                                                Димче Левков