ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО

за манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2022

Општина Велес и оваа година традиционално ќе ја организира манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2022 за презентација на питата пастрмајлија и виното каде производителите на пекарски и алкохолни пијалоци односно угостителите и винариите ќе го промовираат сопственото производство.

Питијадата ќе биде од изложбен и продажен карактер.

Цел на  манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција  на  питата пастрмајлија, препознатлив велешки специјалитет, но истовремено ќе им се помогне на угостителите, винариите, малите и средните компании од прехрамбениот сектор, пред потенцијалните потрошувачи од Вардарски плански регион и Република Македонија, како и здруженија на сродни производители, стопански комори, ресорни министерства, амбасади, организации и фондации за поддршка на претприемништвото во Република Македонија, кои ќе бидат поканети да го посетат настанот.

Оваа година манифестацијата ќе се одржи во  периодот од 07 до 09 Октомври со богата културно-уметничка и забавна програма.

Се повикуваат сите регистрирани правни лица со угостителска или пекарска дејност, винарии и регистрирани индивидуални пекарски производители, да се пријават за учество со доставување на пополнета пријава, затворена во плик, во архивата на Општина Велес со назнака „Питијада 2022”.

Контакт лица за дополнителни информации за манифестацијата можете да добиете на телефон: 043/232-406, локал 110