Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавен увид по

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела на фoрмирање на градежна парцела на КП БР. 1541/13 КО Караслари, Општина Велес, со намена А4.2- мотели,Општина Велес

Граници на опфатот за КП бр.1541/13, КО Велес се:

– На исток опфатот се граничи со КП 1541/16, КП 1541/15

– На север опфатот се граничи со КП 1541/27,

– На запад опфатот се граничи со со КП 1541/27

– На југ опфатот се граничи со КП 1541/28.

 

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 960м2 или 0,096 ха.

Јавниот увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела на фoрмирање на градежна парцела на КП БР. 1541/13 КО Караслари, Општина Велес, со намена А4.2- мотели,Општина Велес, ќе се спроведе со објавување на службената веб страна на Општина Велес.

Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 14.02 до 01.03.2022 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk).

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.

Соопштение

Анкетен лист

Урбанистички проект