ПОКАНА

 

Почитувани,

Општина Велес Ве поканува на JАВНA РАСПРАВA ПО НАЦРТ-ДОКУМЕНТИТЕ НА ОПШТИНАТА ЗА 2026 ГОДИНА. Јавната расправa ќе се одржи на 19.11.2025 година (средаво електронската сала на Општина Велес и тоа за:

  • преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.) и заинтересирани граѓани во 16:30 часот
  • претставниците од урбани и месни заедници и заинтересирани граѓани со почеток во 18:30 часот

На Јавната расправа ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2026 година:

  1. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на уредување на градежно земјиште  во 2026 година
  2. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на евроинтеграциите и локалниот економски развој во 2026 година.
  3. Нацрт–програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2026 година.
  4. Нацрт-програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес во 2026 година.
  5. Нацрт-оперативна програма за одржување на јавното зеленило на територијата на Општина Велес во 2026 година.
  6. Нацрт-програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес во 2026 година.
  7. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоцијата, комуникацијата со јавноста и меѓународната соработка во 2026 година.
  8. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2026 година.
  9. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2026 година.
  10. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2026 година.
  11. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2026 година.
  12. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2026 година.
  13. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на младите во 2026 година.
  14. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2026 година.
  15. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2026 година.
  16. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управување со кризи во 2026 година.