Општина Велес ги информира граѓаните дека во понеделник, 18 декември 2023 година, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи Јавна расправа за Нацрт буџетот на Општина Велес за 2024 година.
Јавната расправа ќе се одржи онлајн преку платформата CiscoWebex.
Заинтересираните учесници можат да се приклучат на расправата преку следниот линк:
Meeting link: https://veles.webex.com/veles/j.php?MTID=m3fa06dfbe0d4521a8e79957040f7e8ab
Meeting number: 2781 380 9525
Meeting password: maNEbvep328
Ве повикуваме да се вклучите и да земете учество во креирањето на Буџетот на Општина Велес за 2024 година и со своите предлози и идеи да придонесете во создавање на Граѓански буџет преку кој ќе се реализираат развојните програми на општината.
Доколку не сте во можност да присуствувате на расправата а имате предлози и идеи можете да ги доставите на opve@veles.gov.mk најдоцна до 19.12.2023 година.