Се изведуваат градежни работи за темелење на потпорен ѕид на улица „Кирил и Методи“ под црквата Св. Пантелејмон, откако се сруши ѕид од камен и предизвика уништување на коловозот од улицата и загрозување на сообраќајот.
Градоначалникот Марко Колев денеска изврши увид во градежните зафати на потпорниот ѕид во должина од седум метри и висина од шест метри.
Од страна на општина Велес издаден е налог на економскиот оператор “Тргоцемент“ да започне со градежни активности во најкраток рок поради ризичноста на локацијата. На местото на рушење на ѕидот, поставена е безбедносна сигнализација.
Издадени се налози за изградба и санација на потпорни ѕидови на улица „Ганчо Хаџи Панзов“, на улица „Димитрија Чуповски“ во должина од седум метри и висина од два метри и на улица „Благој Ѓорев“ позади станбена зграда со број 125 во должина од 20 метри и висина околу 5 метри со кој ќе се стабилизира улицата „Васил Главинов“. Изградбата на потпорните ѕидови треба да отпочне во најскоро време.