Ќе се оплеменува просторот позади новоизградениот кеј од десната страна на реката Вардар. Изготвено е идејно решение со кое просторот помеѓу мостот „Гемиџии“ и Мало мовче ќе се уреди во зелено катче за посетителите, со урбана опрема и детско рекреативно катче. Еден дел од просторот ќе биде наменет и за паркинг места. Граѓаните ќе добијат уште едно уредено катче за одмор и релаксација.