Во Младинскиот парк во Велес, денес беше организирано рекреативно возење со велосипеди.
Мотото на настанот е „Кидикал мас” (Kidical Mass), односно возење велосипед со цел охрабрување и поттикнување на најмладите, но и сите членови на семејствата да користат велосипеди за превоз, рекреација и забава.
Настанот го организираше тим од Општина Велес во соработка со Здружението на љубители на велосипедизмот „Велес Бајкинг” од Велес, како дел од неделните активности преку кои Општина Велес ја одбележува Европската недела на мобилност.
Поради актуелната ситуација со Ковид-19 на настанот учествуваа ограничен број на ученици од општинските основни училишта.
За учесниците Општина Велес обезбеди заштитни маски.