„Упатувам апел до јавноста дека и покрај тоа што во Општина Велес бројот на заболени се зголемува, нема место за паника и вознемиреност” изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.
Од друга страна, Коцевски истакна дека иако бројот на заразени на државно ниво се намалува, сепак не треба да се опуштаме и упати апел до жителите на Општина Велес за редовно носење маски, како и почитување на дадените мерки за заштита од коронавирусот.
„Десетина новозаразени се од конфекциска куќа од Велес, а во телефонски разговор со менаџментот на компанијата бев известен дека од саботата одлучиле производствениот процес времено да се стопира, а само мал дел од вработените во администрацијата на компанијата овие денови ќе одат на работа за да ги обавуваат тековните активности”, изјави градоначалникот Коцевски.