Почитувани,

Би сакал да Ве информирам дека користејќи ги одредбите од член 50, став 6,  од Законот за локална самоуправа, а врз основа на одредбите од член 23а, од Законот за основно образование,  во кој се вели дека основно училиште може да се основа и како посебен правен субјект доколку ги исполнува условите предвидени со Закон, се одлучив до Советот на Општина Велес да поднесам иницијатива за промена на правниот статус на подрачното основно училиште во село Бузалково во самостоен правен субјект.

Во училиштето во Бузалково во моментов учат 397 ученици во 17 паралелки, во подрачното училиште во Сливник, 90 ученици во 5 паралелки и во подрачното училиште во селото Клуковец, 51 ученик во 4 паралелеки. Вкупниот број на ученици изнесува 538, кои се распоредени во 26 паралелки во оваа учебна година.

Согласно Законот, секое училиште кое има над 18 паралелки, ги исполнува законските услови за да добие статус на самостоен правен субјект. Јас верувам дека Советот на Општина Велес ќе ја прифати иницијативата и понатаму постапката ќе продолжи пред надлежните органи, прво во Министерството за образование и наука, а потоа и во Владата, за да може следната учебна година да ја дочекаме подготвени. Со тоа ќе обезбедиме повисок квалитет на организирање на воспитно образовниот процес во овој дел од нашата општина.

Со почит,
Градоначалник на Општина Велес,
Аце Коцевски