Настап на Велешката чалгија ќе биде дел од програмата на Велешко лето 2024.  Концертот ќе се одржи на 19 јули, петок, со почеток во 20 часот на Плоштад Којник. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во старите велешки песни кои членовите на Велешката чалгија ги пренесуваат низ генерациите

Општина Велес ги поканува граѓаните да го проследат концертот на Велешката чалгија која е симбол на градот повеќе од еден век.