Општина Велес врз основа на Одлуката на Советот на Општина Велес за востановување  на наградата за животно дело „Петре Прличко“ („Сл. гласник на Општина Велес“ бр.3/06 и 11/15), а во соработка со НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, распишува

К О Н К У Р С за доделување Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“

ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ

            Конкурсот се распишува со цел да се прибават предлози на кандидати за доделување на Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

            На конкурсот предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални  институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност од Република Северна Македонија.

Кандидатите треба да се професионални драмски актери државјани на Република Северна Македонија.

Приоритет на конкурсот имаат драмските актери од средната генерација.

На конкурсот нема да се земаат предвид предлозите со кои кандидатите се предлагаат самите себе си.

Конкурсот отпочнува на денот на објавувањето, а крајниот рок за доставување на предлози е 29.10.2021 година, најдоцна до 15:00 часот во Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес, лично или по пошта.

За предлозите испратени по пошта, краен рок е датумот и часот на поштенскиот печат во гореспоменатиот рок за предавање.

ПРЕДЛОГ

Предлогот за кандидатот на конкурсот треба да содржи:

  • пријава за кандидатот од предлагачот;
  • биографија на кандидатот што ги содржи сите досегашни професионални остварувања

во областа на драмската уметност и евентуалните награди и признанија;

  • фотографија на кандидатот и
  • образложение од предлагачот за пријавување на кандидатот на конкурсот.

НАГРАДА

На конкурсот се доделува една награда.

Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел.

ИЗБОР

            Од пријавените кандидати по конкурсот, изборот на добитникот го врши стручна комисија од три (3) члена.

Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот на прес конференција во Општина Велес, најдоцна  5 (пет) дена по истекот на рокот предвиден за предавање на предлозите по конкурсот.

 

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски

 

Објава