Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на  талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/11), член 7 од Прaвилникот  за условите, критериумите и начинот за доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес  („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.20/18), а во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес за 2021/2022 година бр. 25- 4515/2 од 29.11.2021 година.

Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 29.11.2021 година, распишува

 

К О Н К У Р С

  за стипендирање талентирани ученици и студенти за учебната 2021/ 2022 година

 

За учебната 2021/ 2022 година, Општина Велес ќе додели:

  • 10 стипендии на талентирани ученици од III-IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 1.500 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
  • 10 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.

Услови за доделување на стипендии

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија, а  ги исполнуваат следните услови:

  1. Редовни ученици од средно образование со континуиран одличен успех,  кои освоиле I наградa на државни натпревари или I, II, или III награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот.
  2. Редовни студенти со континуирано студирање, кои освоиле I награда на државни или I, II, или III награда на  меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот, при што приоритет имаат кандидатите кои освоиле повисока награда, а кои во претходните години на студии постигнале просечен успех од 9.00 и над 9.00.
  3. Да се жители на Општина Велес и
  4. Да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии

За ученици

  1. Пријава од апликантите до Комисијата.
  2. Свидетелства за континуиран одличен успех
  3. Документ кој потврдува освоени награди на државни натпревари.
  4. Документ кој потврдува освоени награди на меѓународни натпревари.
  5. Препорака од предметниот наставник.
  6. Препорака од наставничкиот колегиум.
  7. Уверение за семејно и материјална положба.(се вади од УЈП)
  8. Потврди за личен доход на вработените членови од семејството.
  9. Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството.
  10. Фотокопија од лична карта или пасош.
  11. Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита заверена кај нотар.

За студенти

  1. Пријава од апликантите до Комисијата.
  2. Уверение за положени испити.
  3. Потврда за запишана година на факултетот.
  4. Документ кој потврдува освоени награди на државни натпревари.
  5. Документ кој потврдува освоени награди на меѓународни натпревари.
  6. Потврда за објавени стручни трудови.
  7. Препорака од ментор на студентот.
  8. Препорака од факултетот.
  9. Уверение за семејно и материјална положба. .(се вади од УЈП)
  10. Потврди за личен доход на вработените членови од семејството.
  11. Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството.
  12. Фотокопија од лична карта или пасош.
  13. Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита заверена кај нотар.

Место и рок за поднесување на документите

Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворено плико со назнака  „За Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес“ ул.„Панко Брашнар”  бр.1 Велес со доставување во архивата на Општина Велес, Општинскиот центар за услуги или по пошта.

Рокот за поднесување на документите е од  29.11.2021 до 09.12.2021 година.

Пријавата може да се подигне заедно со другите обрасци во Општинскиот центар за услуги, архива на Општина Велес и на веб-страната на Општина Велес.

Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес и истакнати на огласна табла во Општинскиот центар за услуги.

Незадоволните кандидати можат да поднесат приговор до Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес во рок од 3 (три) дена од објавувањето на резултатите.

Поблиски информации можат да се добијат во Општинскиот центар за услуги на тел. 232-406 локал 109 или 075 325 688

Конкурсот ќе биде објавен:

  • на веб страната на Општина Велес и социјалните мрежи на Општина Велес
  • на огласна табла во Општинскиот центар за услуги,
  • на огласна табла во сите средни училишта во градот
  • на огласната страна на факултетите и дисперзираните студии со седиште во Велес
  • на локалните медиуми.

Изјава

Пријава

Конкурс