Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/11), член 8 од Прaвилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.17/22 и 18/22), а во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес за 2023/2024 година бр. 25-4686/2 од 15.11.2023 година.
Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 21.11.2023 година, распишува
К О Н К У Р С
за стипендирање на талентирани ученици и студенти
за учебната 2023/2024 година
За учебната 2023/ 2024 година, Општина Велес ќе додели:
- 17 стипендии на талентирани ученици од II, III, IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци за учебната 2023/2024 година.
- 17 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.500 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината за учебната 2023/2024 година.
Средствата за стипендиите се обезбедени од: Буџетот на ОПШТИНА ВЕЛЕС, и донации од: ЖИТО МАРКЕТИ и АГРИА-АГРОИНДУСТРИСКА ГРУПАЦИЈА ДООЕЛ Велес
Услови за доделување на стипендии
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
- Редовни ученици од средно образование од II, III, IV година со одличен успех, (за годината која и претходи на година во која аплицира за стипендија) кои освоиле награда на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот (во претходната учебна година);
- Редовни студенти со минимум запишана II година со континуирано студирање, кои освоиле награда на државни или награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот, и во текот на студии постигнале просечен успех од 9.00 и над 9.00.
- Да се жители на Општина Велес и
- Да се државјани на Република Северна Македонија.
Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии
За ученици
- Пријава од апликантите до Комисијата.
- Свидетелство од претходна учебна година.
- Документ кој потврдува освоени награди од општински, регионални, државни и меѓународни натпревари (за претходната учебна година).
- учества во хуманитарни акции, учества на семинари, конференции, образовни прoекти, активни партиципации во НВО, благодарници и слично(за претходната учебна година).
- Препорака од предметниот наставник во која ќе наведе учеството на натпревари и освоените награди (освоени во претходната учебна година).
- Фотокопија од лична карта или пасош или друг документ со кој се потврдува жителството.
- Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита.
За студенти
- Пријава од апликантите до Комисијата.
- Уверение за положени испити.
- Потврда за запишана година на факултетот.
- Документ кој потврдува освоени награди на државни и меѓународни натпревари.
- учества во хуманитарни акции, учества на семинари, конференции, образовни прoекти, активни партиципации во НВО, благодарници и слично.
- Потврда за објавени стручни трудови.
- Препорака од ментор на студентот.
- Фотокопија од лична карта или пасош.
- Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита.
Место и рок за поднесување на документите
Пријавата со потребните документи се доставуваат по електронски пат на https://euslugi.veles.gov.mk/ или во затворено плико со назнака „За Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес“ во архивата на Општина Велес или по пошта на ул.„Панко Брашнар” бр.1 Велес.
Рокот за поднесување на документите е од 21.11.2023 до 04.12.2023 година.
Пријавата може да се подигне заедно со другите обрасци во Општинскиот центар за услуги, архива на Општина Велес и на веб-страната на Општина Велес.
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес и истакнати на огласна табла во Општинскиот центар за услуги.
Поблиски информации можат да се добијат во Општинскиот центар за услуги на тел. 232-406 локал 109 или 075 325 688 и 078 342 316
Конкурсот ќе биде објавен:
- на веб страната на Општина Велес и социјалните мрежи на Општина Велес и донаторите
- на огласна табла во Општинскиот центар за услуги,
- на огласна табла во сите средни училишта во градот
- на огласната страна на факултетите и дисперзираните студии со седиште во Велес
Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе можат да ги најдат на веб страницата на https://euslugi.veles.gov.mk (https://euslugi.veles.gov.mk/Account/Help) , како и преку следните електронски адреси: ivica.tasevski@veles.gov.mk, it@veles.gov.mk.