Кошаркарското игралиште во ООУ „Васил Главинов“ го добива својот нов лик. Игралиштето е второ од трите предвидени спортски терени во дворот на училиштето. На теренот е поставена најсовремена подлога според стандардите на FIBA како и оградата. Во наредните денови ќе бидат поставени и кошовите со што ова игралиште ќе биде кмплетно и подготвено за учениците и граѓаните.
Општина Велес продолжува со инвестиции во спортот а со тоа и во здравјето на граѓаните особено на младите.