Традиционалната деветтоноемвриска крводарителска акција се одржа во Ликовниот салон во Велес.
Крв даруваа околу 150 крводарители, што уште еднаш потврдува дека во градот живеат најхумани граѓани.
Четиринаесеттата по ред хуманитарна крводарителска акција се одржа во организација на Општина Велес, Општинската организација на Црвен крст Велес и Мото клуб „Носачи на крстот“.
Со крводарителската акција продолжува одбележувањето на ослободувањето на Велес, 9 Ноември.