Во рамки на Велешко лето 2024, Општина Велес во соработка со Локална библиотека „Гоце Делчев“ распишува ликовен и поетски конкурс  на тема „Лето во Велес“. На конкурсот можат да учествуваат деца и млади на возраст до 18 години кои ќе бидат поделени во три категории.

Заинтересираните своите ликовни творби можат да ги достават по пошта на улица „Панко Брашнар“ бр.1 Велес со назнака: За ликовен конкурс.

Заинтересираните на поетските творби можат да ги достават преку е-пошта на veleskoleto@veles.gov.mk со назнака: За поетски конкурс. Учесниците на конкурсот  треба да ги наведат своите лични податоци: име и презиме на авторот, место, телефонски број и е-адреса.

Рокот за достава на ликовните и поетските творби е 15 август 2024 година. Ве очекуваме.