Активни пожари имаше и во околината на Велес. Пожарникарите од ТППЕ Велес беа на терен и успешно се справија со огнените стихии. Сува трева гореше во селата Џидимирци, Кочилари, Ветерско, над селото Раштани, помеѓу Оризари и Клуковец, во населбата Речани, кај местото Штипска рампа, Пашин мост и кај кланицата Агриа. Во селата Ветерско и Џидимирци беа зафатени и стари, напуштени куќи, но со брзата и навремена интервенција се спречи проширување на пожарите и предизвикување поголема штета.
Со цел заштита од понатамошно ширење и активирање на нови пожари, Општина Велес апелира на посебно внимание и грижа за околината, особено во овие високи летни температури.


