Врз основа на член 78 од Изборен законик („Службен весник на РМ” бр.40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 42/20 и 74/21) и член 50, став 1, точка 16 од Закон за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.05/02),

 

Градоначалникот на Општина Велес

 

О Б Ј А В У В А

утврдување на места на кои е дозволено да се истакнуваат

изборни плакати со обезбедени еднакви услови за

сите организатори на изборната кампања учесници

во локалните избори во 2021 година

  1. Локации за поставување на изборни плакати

 А. ЗАКАЧУВАЊЕ НА ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ НА ЕЛЕКТРИЧНИ

СТОЛБОВИ, СТОЛБОВИ ЗА УЛИЧНА РАСВЕТА

СО ДИМЕНЗИИ 0,50 х 0,70 м. ЧИСТА ВИСИНА НА                 

ПОСТАВУВАЊЕ – 2,60 м. ОД ДОЛНАТА ИВИЦА НА ПАНОТО                            

  1. На ул.”Алексо Демниевски-Бауман” на потегот од Бензиската пумпа до крстосницата кај пошта на 16 метални столба за улично осветлување.
  2. На ул.”Петре Прличко”(левиот брег на р.Вардар), на спојот од Стар мост-од Детската градинка, од страната на Градскиот пазар се до мостот „Гемиџии“ на 12 метални столба за улично осветлување.
  3. 3. На ул.”Димитар Влахов” од кај Градски пазар пред Жито маркет, по раскрсницата кај Мостот „Гемиџии“, во правец на Железен мост се до бензиска пумпа на Лук-оил на 26 метални столба за улично осветлување.
  4. 4. На ул.”Гоце Делчев” на 7 столба за улично осветлување.
  5. 5. На ул.”Страшо Пинџур” на 3 столба за улично осветлување.
  6. 6. На ул.”Благој Ѓорев” од раскрсницата кај Пошта до раскрсницата на спој со ул.”Благој Ѓорев” со спој ул.”Борис Трајковски” на преку 50 столбови за улично осветлување, а понатаму се до “Тунел 2” на столбови за улично осветлување покрај улицата движејќи се кон Тунелот.
  7. 7. На ул.”АСНОМ” од раскрсницата кај Општината па се до Топилницата на сите столбови за улично осветлување.
  8. На ул.”Борис Трајковски” од почеток на улицата (зградите на ВУК) до Трговскиот центар до спојот со ул.„Благој Ѓорев“.
  9. 9. На „Алеско Демниевски-Бауман“, од ф-ка за масло Благој Ѓорев се до Железничка станица на сите столбови за улично осветлување.
  10. 10. На ул.”Вардарска”, на страната кај “Ветекс”, на 30 метални столба за улично осветлување.
  11. 11. На ул.”Благој Ѓорев” по целата должина на бетонската ограда над подземните гаражи.
  12. 12. Паркинг простор кај стара аптека, на потпорниот ѕид на ул.”Коле Неделковски”.
  13. 13. На ул.„8-ми Септември“ на делот кон Долни дуќани на ѕидот од скривниците.
  14. 14. На ул. „Димитар Влахов“на потпорниот ѕид од плоштад „Варналиите“.
  15. 15. Потпорен ѕид од ул .„Шефки Сали“, до скалите пред Македонска пошта по целата должина.

 

Б. ПОСТАВУВАЊЕ НА МОНТАЖНО-ДЕМОНТАЖНИ ПАНОА СО СОПСТВЕНА НОСЕЧКА КОНСТРУКЦИЈА ИЛИ СО  КОНСТРУКЦИЈА ЗА ЗАКАЧУВАЊЕ НА ЈАВНА ОГРАДА

СО  МАКСИМАЛНА ДИМЕНЗИЈА 1,0 х 2,0 м

  1. На новото двонаменско засолниште пред Основниот суд повеќе подвижни паноа (за секој организатор на изборната кампања по едно место).

2.На улица “8-ми Септември”, а пред поранешна -Стоковната куќа на растојание од 1,20 м. од излогот во целата негова должина покретни паноа. Во слободниот простор помеѓу поранешна-Стоковната куќа  и првата станбена зграда на Комплексот “Чешел”-покретни паноа слободно поставени (за секој организатор на изборната кампања по едно).

  1. 3. На ул. ” 8-ми Септември” од левата страна во правец на Стариот мост кај паркчето спроти „Градскиот саат“.
  2. 4. На оградата над потпорниот ѕид на ул.”Димитар Влахов” како подлога за закачување на паноа во должина од 0,70м, а висина 0,80м.
  3. 5. На оградата над потпорниот ѕид на ул.”Благој Ѓорев”, пред ул.„Тодор Јанев“ во целата должина (100м).

II.Начин на доделување на локациите за поставување  на изборни плакати

           Утврдените локации во точките А и Б за поставување на изборни плакати се без надоместок.

Општината ќе го изврши одбележувањето на местата за поставување на изборните плакати за секој подносител на листи поодделно, по утврдувањето на листата на учесници во изборната кампања.

Одбележувањето ќе се изврши рамноправно за сите учесници во изборната кампања.

Изборни плакати можат да се истакнуваат и на станбени или други приватни објекти, со претходна согласност од сопственикот на објектот.

Не е дозволено истакнување на плакати од кампањата на објектите каде се наоѓа гласачкото место или просторијата каде што се спроведува гласањето.

Не се дозволува лепење на изборни плакати на фасади, културно-историски споменици, спомен обележја, бисти, платанови стебла и останати стебла на дрвјата од централно градско подрачје.

Во населените места во Општина Велес се дозволува лепење на изборни плакати на слободни површини погодни за таква намена, односно на станбени или други приватни објекти со претходна согласност (одобрение) од сопственикот на објектот.

Согласно Одлуката за утврдување на местата и начинот на бесплатното плакатирање на подрачјето на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес” бр.5/02) не се дозволува поставување на изборни плакати на рекламните столбови поставени на подрачјето на Општината.

Уништување на изборни плакати или лепење плаката врз плаката на други организатори на изборната кампања е забрането.

Организаторот на изборната кампања е должен во рок од 30 дена по завршувањето на изборите да го отстрани сметот од плакатите.

Непридржувањето кон утврдените места и определените услови повлекува казна за сторен прекршок според казнените одредби од Изборниот законик  („Службен весник на РМ”бр. 40/06 ….74/21).

Линк