По повод меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, Градоначалникот Марко Колев денеска оствари средба со членови на Здружението на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Велес. На средбата се разговараше за актуелната состојба на лицата со попреченост како и за проблемите со кои тие секојдневно се соочуваат.
Покрај упатените честитки за меѓународниот ден, Градоначалникот Колев истакна дека Општина Велес ќе продолжи со континуирана поддршка на активностите и заложбите на здружението во насока на подобрување на условите за живот на оваа категорија на граѓани во сите сфери на општественото живеење.