Почитувани сограѓанки и сограѓани од бошњачката заедница,

Во мое лично име, во име на Советот и во име на граѓаните во Општина Велес, Ви упатувам искрени честитки по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

Општина Велес ќе продолжи да ги гради мостовите на соработка помеѓу сите припадници на етничките заедници на нејзина територија негувајќи ги нивните културни различности и традиции кои се вткаени во нашиот концепт за еднакво општество за сите.

Ви упатувам изрази на високо почитување и Ви посакувам здравје, успех и благосостојба во секое поле.

Со почит,

Аце Коцевски
Градоначалник
на Општина Велес