Општина Велес во периодот од 16 до 22 септември, секоја година ја одбележува Европската недела на мобилност.
Оваа година со седумдневни активности и со различни целни групи, по деветти пат, тим од Општина Велес со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, здруженија на граѓани, општествено одговорни компании, поединци и јавни институции, организира активности кои имаат за цел промоција на велосипедот како алтернативно превозно средство, а воедно даваат акцент и на водењето здрав начин на живот.
Општина Велес континуирано вложува во подобрување на условите за сите учесници во сообраќајот.
Во текот на минатата година Општина Велес, како прва општина со усвоен План за одржлива урбана мобилност, започна или реализираше повеќе проекти од областа на мобилноста:
Изградено инклузивно детско игралиште “Паркот на срцата” со што е олеснет пристапот на лицата со попречености до сите локации околу езерото Младост;
Започна проект за изградба на PumpТrack во Градскиот парк;
Уреден е смарт паркинг со користење на дигитален систем за управување и поставен полнач за електрични возила КЛАСА В+ на езеро Младост;
Надоградени се и маркирани велосипедските патеки на езеро Младост во должина од 17,5 км;
Реконструиран е патот до винарија Шато Сопот во должина од 600м;
Надоградена е пешачката патека на езеро Младост во должина од 1580м;
Набавени се 20 смарт велосипеди кои може да се инзајмуваат на езеро Младост;
Континуирано го зголемува бројот на паркинзи за велосипеди;
Подобрување на инфраструктурата во градот – поставени се нови и обновени се старите “П” столпчиња, направена е монтажа и демонтажа на сообраќајни еластични столпчиња (чунови), обновена е хоризонтална и вертикална сигнализација за подобрување на условите и безбедноста во сообраќајот, обележени се нови и обновени се старите пешачки премини, прилагодени се тротоарите за лица со попреченост – спуштени тротоари;
Извршено е асфалтирање и бетонирање на поголем дел од улиците во централното градско подрачје и реконструкција на неколку трототари во градот во должина од околу 1км;
Надоградена е пешачката патека во Градски парк Велес во должина од околу 230м;
Поставени се два летниковци на излетничките места на ридовите Вршник и Свети Илија;
Воведено е зонско пракирање;
Поставен е лифт во училишната зграда на СОУ “Гимназија Кочо Рацин” и ОСУ “Димитрија Чуповски”.