Мото клубот „Мото Велес“ по втор пат е државен првак на ЕНДУРО шампионатот на Македонија за 2020 година. Претседателот на клубот, Сашко Ванов и младиот моторциклист Драган Ванов денеска остварија средба со Градоначалникот Коцевски и му ги презентираа постигнатите резултати и добиени пехари на трката.
Во најконкурентната Е1 класа, Драган Ванов ја освои третата шампионска титула по ред и со тоа ја освои престижната златна кацига. Шампионатот во „Ендуро Е2 класа- Порта“ го освои Синиша Николоски од Кичево , кој и оваа година ќе ги брани боите на Мото клубот „Мото Велес“.
Градоначалникот Коцевски изрази голема благодарност до сите членови на Мото клубот „Мото Велес“ што успешно го претставуваат градот на спортски план и им посака врвни резултати и во иднина.