Во организација на Сојузот на спортови Велес, вчеравечер се одржа традиционалната спортска манифестација на која беа прогласени најуспешните спортисти за 2024 година. Признанија и плакети добија клубови, поединци, тренери, судии, манифестации кои изминатава година постигнаа врвни резултати не само на домашен туку и на меѓународен терен.
Титулата најдобар спортист на Велес за 2024 година ја понесе Ангел Петрушев, кајакар од ККК Вардар Велес, државен првак во кајак слалом на диви води со постигнати меѓународни успеси.
За амбасадор на велешкиот спорт беше прогласена фудбалерката Ленче Андреевска, репрезентатитвка на Македонија во фудбал, моментално со ангажман во супер лигата на Турција.
Посебно признание за придонес во спортот доби Иле Чуповски, долгогодишен спортски работник во повеќе спортови, поранешен претседател на МВК Велес, еден од основачите на ФК Македонско сонце и основач и организатор на велосипедската трка „Димитрија Чуповски“ или денешен „Трофеј Велес“.
Во категоријата млади спортисти најуспешни годинава биле Јана Митровска – Карате клуб Будо Велес, Илија Ѓорѓиев – ККК Вардар Велес, Марјан Климкаров – КК Борец Баскет, Дарис Мемиќ – пингпонгар, Олег Дејановски – МК Мото Велес, Антонио Заров – Фруит ленд Борец, Марија Пановска – ККК Гемиџии 903 Велес, Андреј Цилаков – кадетска репрезентација, Марија Прпева – Тениски клуб Борец Велес, Марко Варналиев – Кајак клуб Бабуна Велес, Сара Јовевска – Женски фудбалски клуб Борец, Константин Коцев – БЏЏ Будо Велес, Христијан Николиќ – МВК Велес, Ања Трајкова – ГОК Борец, Левче Картинов – Боречки клуб Борец Велес, Марко Димовски – Карате клуб Гладијатор и Андреј Арсов – Атлетски клуб Борец Велес.
Во категоријата спортисти сениори како најуспешни се вбројуваат Трајче Илиевски – АК Борец Велес, Стефан Рибарски – ККК Вардар Велес, Стефан Филиповски – ФК Борец 1919, Виктор Ванчевски – МВК Велес, Васко Николов – ГОК Борец Велес, Ели Панова – Стречалки клуб Велес, Кристијан Лазаров – ККК Арка – Борец Велес, Ивица Илиев – РК Фуитленд Борец Велес, Кристијан Ванчевски – МВК Велес и Ангел Петрушев – ККК Вардар Велес.
Во категоријата сениорски екипи третото место му припадна на ККК Вардар Велес – Кајак слалом, второто место на на РК Фруитленд Борец и првото место на МВК Велес.
За тренер на сениори е прогласен Димче Стефановски од ККК Вардар Велес. Со титулата младински тренер за 2024 се закити Кристијан Николов од МВК Велес.
За успешни младински клубови се прогласени ККК Арка – Борец Велес кој го освои третото место, ГОК Борец Велес второто место, а прв на листата најуспешни младински клуб е ККК Вардар Велес.
Најдобри спортски манифестации годинава, кои привлекоа илјадници посетители и Велес го ставија на мапата на светскиот спорт се Светскиот куп во спуст на дива вода во организација на ККК Арка – Борец Велес, кој траеше три дена и на кој учествуваа 17 држави и 250 натпреварувачи и Спортските игри Велес – Дематели Инвест груп, петдневна спортска манифестација со 540 учесници од осум земји, одиграни 300 натпревари и 25 илјади посетители.
За најдобар судија за 2024 е избран Раде Стефановски.
Постхумно признание му беше доделено на велешката спортска легенда, ракометарот Ристе Велковски.
Од училишен спорт со признанија се закитија ООУ Блаже Конески, СОУ Гимназија Кочо Рацин и спортските педагози Лазо Радевски и Зоран Јованов.
Општина Велес упатува честитики до сите добитници на признанија и плакети со желби за постигнување на уште поголеми успеси во наредната година.