На Државното првенство Вело крос што се одржа во неделата на Езеро Младост, во категоријата сениори победи велосипедистот Кирил Марковски, во категоријата јуниори најдобар беше Јован Митев, Немања Пауновски беше најдобар од кадетите, во категоријата мастерс најдобар се покажа Љубиша Кондов, додека од категоријата жени со медал се закити Дуња Иванова.
Велосипедската трка се одржа во организација на Велосипедската федерација на Македонија и Младинскиот велосипедски клуб Велес, под покровителство на Општина Велес. На трката учествуваа 50 велосипедисти од 12 клубови во државата. Велосипедистите се натпреваруваа на патека околу Еко кампот во должина од 2,2 километри.