Народен музеј Велес со сопствено производство на електрична енергија. Поставени се фотоволтаични панели на покривот на Народниот музеј.
Општина Велес ја продолжува праксата на поставување на фотоволтаични панели на јавните институции. Досега се поставени на ООУ „Васил Главинов“, ОУ „Рајко Жинзифов“, ОСУ „Јовче Тесличков“, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ССОУ „Димитрија Чуповски“, ООУ „Панко Брашнаров“, ООУ „Блаже Конески“ и ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“.