На отворените страни на Градскиот пазар се поставија роло завеси кои ќе ги штитат земјоделците кои ги продаваат своите производи и граѓаните од неповолните временски услови. Оваа инвестиција е по барање на пазарџиите и граѓаните. Се монтираа три завеси на горниот дел од пазарот и една на долното ниво со што продавачите и купувачите ќе бидат заштитени од ветер а со тоа дополнително  ќе се подобрат условите за работа.