Велешките пожарникари добија нова заштитна опрема. Општина Велес набави 35 комплети заштитни униформи за шумски пожари, сообраќајни несреќи и рушевини, како и ракавици и обувки. Новата опрема значитечно ќе им го олесни извршувањето на работните задачи на пожарникарите.
Градоначалникот Марко Колев упати голема благодарност до припадниците на ТППЕ Велес за нивната пожртвуваност во накјкритичните моменти и за нивната храбра и посветена работа во справување со огнената стихија.