Обезбедена  е нова опрема за ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Во второто полугодие од учебната година, учениците од ова основно училиште и нивните наставници ќе можат да учат и да се служат со нови компјутери, принтери, паметни табли и останата опрема. Финансиските средства потребни за набавка на опремата беа обезбедени пред крајот на 2024 година.

Општина Велес продолжува со инвестиции во образованието како една од приоритетните области со цел подобрување на условите во воспитно-образовниот процес.