Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за јавна набавка на новото улично осветлување со паметни лед светилки од марката Shreder на целата територија на Општина Велес.

Предвидено е да се воспостави комплетен систем за паметно осветлување, мерење и управување, преку кој ќе се мерат сите енергетски параметри, со што мрежата превентивно ќе се одржува и ќе се спречат евентуални кражби и злоупотреби.

Со оваа инвестиција се решава голем проблем на граѓаните. Истовремено се очекува заштеда од 70-75 % во однос на сегашнив систем на јавно осветлување, како и намалување на загадувањето на животната средина преку редуцирање на емисиите на јаглерод диоксид.