Дедо Мраз пристигна во детските градинки. Вчера и денес беа поделени пакетчиња на децата од сите осум клона на Детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес, Караслари и во Градско. Новогодишните пакетчиња се донација на Општина Велес.

Патувањето на Дедо Мраз ќе продолжи во недела, 28 декември, во 13:00 часот во Младински парк.