Во пресрет на Новогодишните празници, Градоначалникот Марко Колев денеска ги посети децата во Центарот за лица со посебни потреби. Им ја честита Новата година, им посака добро здравје и им подели новогодишни пакетчиња. Со новогодишни пакетчиња ги израдува и децата од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености.