ОДРЖАН НОВОГОДИШЕН БАЗАР ПРЕД ТЕАТАР ЏИНОТ

Пред платото на театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот  денеска се одржа хуманитарен Новогодишен базар организиран од Општина Велес. На тезгите беа изложени рачно изработени новогодишни украси и честитки од вредните раце на децата од основните и средните училишта заедно со наставниците, од најмалите од Детската градинка „Димче Мирчев“ и од учениците на ОУРЦ „Маца Овчарова“.…

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ И ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЛИЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

Во пресрет на Новогодишните празници, Градоначалникот Марко Колев денеска ги посети децата во Центарот за лица со посебни потреби. Им ја честита Новата година, им посака добро здравје и им подели новогодишни пакетчиња. Со новогодишни пакетчиња ги израдува и децата од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености.