Пред платото на театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот  денеска се одржа хуманитарен Новогодишен базар организиран од Општина Велес. На тезгите беа изложени рачно изработени новогодишни украси и честитки од вредните раце на децата од основните и средните училишта заедно со наставниците, од најмалите од Детската градинка „Димче Мирчев“ и од учениците на ОУРЦ „Маца Овчарова“.

Новогодишниот базар предизвика огромен интерес кај граѓаните кои во голем број ги посетија тезгите пред платото на театарот и купија од рачно изработените предмети.

Собраните средства од Новогодишниот базар ќе бидат наменети во хуманитарни цели.