ОБЈАВА бр. 2/2019
за продажба на недвижна ствар во сопственост на
Општина Велес на КП 1913 за КО Оризари, со електронско јавно наддавање

Врз основа на член 2, став 4, алинеја 1 и 2, член 36, од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15,190/16 и 21/18) Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес согласно Одлука на совет на Општина Велес за продажба на недвижна ствар во сопственост на Општина Велес на КП 1913 за КО Оризари бр. 25-4211/6 од 30.10.2019 година (Службен гласник на Општина Велес број 18/2019), објавува продажба на недвижна ствар на КП 1913 и се состои од: сутерен 206м2, приземје 393м2 и кат 275м2 и заведен во ИЛ 1393 за КО Оризари-вон градежен реон, сопственост на Општина Велес, по пат на електронско јавно наддавање.

ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНАТА СТВАР КОЈА Е ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА СО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ:

Недвижната ствар се наоѓа на КП 1913 и се состои од: сутерен 206м2, приземје 393м2 и кат 275м2 и заведен во ИЛ 1393 за КО Оризари-вон градежен реон, сопственост на Општина Велес, со почетна цена од 4.116.348,00 денари.

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно наддавање е продажба на недвижна ствар во сопственост на Општина Велес на КП 1913 за КО Оризари. Недвижна ствар која е предмет на продажба, може да се види секој работен ден од 12:00 до 15:00, часот со претходна најава, до член на Комисијата.

НАПОМЕНА: Данокот на промет и нотарските трошоци за солемизација на договорот ќе ги сноси најповолниот подносител на пријава (купувачот на недвижната ствар).

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои што ги исполнуваат условите дадени во објавата.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Постапката за закуп и продажба со електронско јавно наддавање ќе се спроведува преку електронски систем за јавно наддавање.
Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, додделени заради негово учество во претходните постапки и тоа на ниво на целиот систем (учество во постапка која ја спроведувала било која општина).
Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско наддавање. За да може да поднесе Пријава за учество заедно со доказите утврдени во објавата, секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната е-stvari.mk.

Документите потребни кон пријавата за електронското јавно наддавање се следниве:

1.Пријава за учество

2.Изјава со којашто ги прифаќаат условите што се дадени во Објавата.

3.Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2 % од проценетата вредност на недвижната ствар , за учество на јавното наддавање. Покрај електронски банкарската гаранција за сериозност треба во оригинал да се достави до Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес, на денот кога се доставува комплетната документација.

4.Доказ за идентитет за правни лица:

  • тековна состојба од Централен регистар на Р.М. – не постара од шест месеци (за правни лица);
  • извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица);

5.Доказ за идентитет на физички лица:

  • лична карта или патна исправа;

6.Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната e-stvari.mk на која што ќе се одвива електронското наддавање.
Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 02.12.2019 год. (понеделник)
Објавата трае шеснаесет (16) дена почнувајќи од 16.11.2019 год.(сабота) до 02.12.2019 год. (понеделник)
Документите се прикачуваат електронски на софтверот.
Подносителите на пријави кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање согласно со објавата, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат со корисничкото име и шифра за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање.
Подносителите на пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.
Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата www.e-stvari.mk.

Јавното електронско наддавање ќе се одржи на ден 06.12.2019год. (петок) и ќе започне во 10:00 часот.

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДУВАЧОТ ОД 2% ОД ПРОЦЕНЕТАТА ВРЕДНОСТ

-Банкарската гаранција за сериозност на понудата е во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар односно изнесува 82.327,00 денари.

-Покрај електронската достава на банкарската гаранција во скенирана верзија на оригиналот PDF формат, подносителот е должен истата да ја достави и во писмена форма (во оригинал) на адресата на Општина Велес ( со назнака: до Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес).
-Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма на наведената адреса ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.
-Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да изнесува најмалку 30 дена, сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавата.

  • Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.“

ПОСТАПКА

Начин и постапка за спроведување на јавното наддавање:

  • Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на недвижната ствар и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
  • За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на недвижната ствар.
  • Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
  • Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата на сметка на Општина Велес во согласност со постигнатата крајна цена, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни и движни ствари.
  • По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од петнаесет работни дена по извршената уплата на постигнатата цена за закуп на недвижната ствар, Градоначалник на Општина Велес склучува договор за продажба на недвижната ствар. Договорот во рок од 30 дена се доставува кај нотар заради вршење на пренос на сопственоста, нотарските трошоци и данокот на промет се обврска на купувачот.
    -Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното електронско наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното електронско наддавање до Комисијата, која одлучува по приговорот со Решение во рок од пет дена од приемот на приговорот.

Против, Решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Детални информации врзани за објавата можат да се добијат на телефоните: 043/232-406 локал 110.

Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес

Претседател – Панче Јанев
Член – Пепита Стојковска
Член – Сања Карабатова Игновска

Преземе документи тука: