Ве информираме дека Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе финансира реновирање на неискористени општински простории и нивна пренамена во предучилишни занимални за  проектот „Реконструкција со пренамена на училишен објект за групи во други просторни услови под ОЈУДГ “Димче Мирчев”, Општина Велес“

 

За таа цел, Општина Велес објавува нацрт-документ: Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални прашања, за јавен увид во наредните 14 дена. Документот го опишува влијанието врз животната средина и социјалните аспекти при реализација на градежните активности. Заинтересираните граѓани можат да достават коментари за Контролната листа, користејќи го приложениот образец или со испраќање порака на следните е-пошти:

marinela.velkovska@veles.gov.mk (лице од општината)

zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (Единица за управување со проектот).

Во прилог:

– Контролна листа на планот за управување со животната средина и социјалните прашања (ПУЖССП) за реконструкција со пренамена на училишен објект за групи во други просторни услови под ОЈУДГ “Димче Мирчев”, Општина Велес

– Образец за доставување на коментари и сугестии за нацрт Контролна листа на ПУЖССП за Проектот