Првиот патен премин преку железничка пруга во државата ќе биде изведен во Велес од специјализирана хрвстка компанија, најави Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција Станува збор за гумени елементи изработени од рециклирана гума кои ќе бидат поставени на пругата. Првиот премин во Велес ќе биде изведен кај железничката пруга пред фабриката Ќиро Ќучук. Работите ќе се изведуваат во среда, наредната недела кога се очекува сообраќајот на таа сообраќајница да биде во прекин 48 часови и да се пренасочи на улицата Луј Пастер.
„Откако претходно ќе бидат направени патните премини во Прилеп и Битола, следен премин во Велес е во Речани, на железничката пруга која води кон Кочани. Се надевам дека ова ќе биде убав пример и дека сите шест-седум премини кои се предвидени ќе бидат изведени во наредниот период и со тоа значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот“, додаде Коцевски.
Овој проект Општина Велес го реализира во партнерство со Македонски железници за што обезбеди и дел од финансиските средства.