Денес, 15 Април, се одбележува Ден на Командата за Обука и Доктрини, за која цел градоначалникот Марко Колев присуствуваше на свечена церемонија во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ на која беа доделени плакети, признанија и благодарници на најзаслужните припадници на армијата, институции, како и на ученици за учество во ликовен и литера
турен конкурс.
Благодарница беше доделена и на Општина Велес, за соработка и даден придонес во развојот и функционирањето на командата за обука и доктрина.
Да живее армијата!
Да живее Република Македонија!