Градоначалникот Марко Колев на покана на директорот на ОУ „Лирија“ во с.Бузалково денес присуствуваше на одбележување на првиот самостоен патронен празник на училиштето. Градоначалникот Колев ги поздрави присутните гости и во име на директорот им додели благодарници на заслужните наставници.
ОУ „Лирија“ во с.Бузалково кое од формирањето во 1945 година до 70тите години работи како самостоен субјект а потоа преминува во подрачно училиште на ООУ „Васил Главинов“, од оваа учебна 2021/22 година повторно е самостоен правен субјект во кое заедно со подрачните училишта во с.Сливник и с.Клуковец учат 546 ученици.