Денеска се навршуваат 17 години од смртта на Анита Кришан Лозаноска, која трагично загина во авионска несреќа кај Ротмиље во близина на Мостар, Босна и Херцеговина. Кришан Лозаноска беше дел од осумчлената делегација на чело со претседателот Борис Трајковски, која патуваше на меѓународна конференција во Мостар, кога се случи несреќата.
По повод годишнината, свежо цвеќе на нејзиното вечно почивалиште, на гробиштата во црквата „Св. Спас“, положија делегации на Општина Велес и кабинетот на претседателот Пендаровски.
Во авионската несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година, покрај претседателот Борис Трајковски и осумчлената делегација, животот го загубија и членовите на екипажот.