По повод годишнината, делегација на Општина Велес и претставници на општинското основно училиште во Горно Оризари што го носи името на Жинзифов денеска положија свежо цвеќе пред спомен бистата што се наоѓа во дворот на училиштето.

Денеска се навршуваат 184 години од раѓањето на Рајко Жинзифов и 146 години од неговата смрт.

Рајко Жинзифов е роден на 15 февруари 1839 година во Велес. Потекнува од влашко семјество кое од Битола се доселило во Велес. Тој е македонски преродбеник, публицист, писател и поет, преведувач и собирач на народно творештво и е еден од учениците на Миладинов. Жинзифов е авторот на биографијата на браќата Миладиновци.