По повод годишнината од раѓањето на Васил Главинов, делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата во дворот на основното училиште што го носи неговото име.
Васил Главинов е истакнат велешки револуционер и поборник за работничките права. Основач е на првото просветно работничко друштво во Македонија и целата своја дејност ја посветува на работничките права и идеите за социјална и национална слобода.