Општина Велес ја одбележа годишнината од смртта на македонскиот комунист и учесник во НОБ и во Шпанската граѓанска војна , Алексо Демниевски-Бауман. Денеска се навршуваат 63 години од неговата смрт. Во чест на Бауман, пред неговата спомен биста, свежо цвеќе положија делегации на Општина Велес и на Командата за доктрини и обука при велешката касарна што го носи неговото име.