Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 139/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19) и член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот оглас бр.01/2019 (со арх.бр.04-4277/2 од 04.11.2019 година) ,

Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната:

О Д Л У К А
за избор на кандидат по Јавен оглас за вработување на неопределено време

1.Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас бр.01/2019 (со арх.бр.04-4277/2 од 04.11.2019 година) за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место- Возач на Градоначалник -ниво А2 шфра УПР 04 03 А02 001 – 1 (еден) извршител, изврши избор на следниот кандидат:

-Стојанче Илиевски

2.Врз основа на одлуката за избор со избраниот кандидадат наведен во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, започнувајќи од 28.12.2019 година.

3.Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Општина Велес на ден 04.11.2019 година објави Јавен оглас бр. бр.01/2019 (со арх.бр.04-4277/2 од 04.11.2019 година) за прием на работник во работен однос на неопределено време на работно место- Возач на Градоначалник-ниво А2 шфра УПР 04 03 А02 001–1(еден) извршител утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот оглас се јави 1 кандидат.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатите пријави и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка Комисијата констатира дека поднесена е 1(една) пријава, која е поднесена во утврдениот рок, со комплетна документација. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријави по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со бр.02-4277/9 од 25.11.2019 година со конечна листа на селектираниот кандидадат.

Врз основа на доставениот записник, а согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на еден кандидат и донесе одлука како во диспозитивот.

Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.