- Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас бр.02/2023 (со арх.бр.08-3701/2 од 05.09.2023 година) за прием на работник во работен однос на неопределено време на работно место-Магационер/доставувач, ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 002– 1 (еден) извршител, изврши избор на следниот кандидат:
- Ангел Станкоски
- Врз основа на одлуката за избор, со избраниот кандидадат наведен во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.
- Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Градоначалникот на Општина Велес на ден 07.09.2023 година, објави Јавен оглас бр.02/2023 (со арх.бр.08-3701/2 од 05.09.2023 година), за прием на работник во работен однос на неопределено време на работно место – Магационер/доставувач, ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 002–1(еден) извршител, утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот оглас се јави 1(еден) кандидат.
Комисијата за селекција на пристигнатите документи, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатата пријава и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка Комисијата констатира дека поднесена е 1(една) пријава, која е поднесена во утврдениот рок, со комплетна документација. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријава по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со бр.02-3701/7 од 15.09.2023 година, со конечна ранг-листа.
Врз основа на доставениот записник, а согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на еден кандидат и донесе одлука како во диспозитивот.
Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.