1. Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас со арх. бр.08-3196/2 од 10.06.2025 година, за прием на работник во работен однос на определено време на работно место – Советник за планирање на локален економски развој, Одделение за евроинтеграции и локален економски развој, Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, евроинтеграции и локален економски развој, изврши избор на следниот кандидат:
  • Цветанка Саздова

 

  1. Врз основа на одлуката за избор, со избраниот кандидат наведен во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на определено време, додека трае потребата на институцијата, а најдолго една година.
  2. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Општина Велес на ден 12.06.2025 година, објави Јавен оглас (со арх.бр.08-3196/2 од 10.06.2025  година), за прием на работник во работен однос на определено време на работно место  Советник за планирање на локален економски развој, Одделение за евроинтеграции и локален економски развој, Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, евроинтеграции и локален економски развој, УПР 01 01 В01 000 – 1(еден) извршител, утврдено со актот за систематизацијата на работните места на Општина Велес.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатата пријава и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка Комисијата констатира дека е поднесена 1 (една) пријава, која е поднесена во утврдениот рок, со комплетна документација. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријава по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со бр.02-3196/7 од 20.06.2025 година, со конечна ранг-листа.

Врз основа на доставениот записник, а  согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи, член 22 став 1 алинеја 1 од Законот за вработените во јавниот сектор и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на еден кандидадат и донесе одлука како во диспозитивот.

Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.


Одлука за избор