1.Со оваа Одлука се врши избор на извршител за работно место: Советник за изготвување на урбанистички планови -УПР 01 01В01 000 во Oдделение за урбанизам, Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, евроинтеграции и локален економски развој, на кандидатот:
- Леона Брчков
- Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето и по конечноста на оваа Одлука на избраниот кандидат ќе му се издаде решение за унапредување на административен службеник.
- Одлуката за избор се доставува до избраниот кандидат и се објавува на интернет страницата на општината.
О б р а з л о ж е н и е
Општина Велес спроведе постапка за унапредување на административен службеник во Општина Велес, за следнoто работнo местo:
Советник за изготвување на урбанистички планови – 1 извршител.
Интерниот оглас беше објавен на веб страната на Општина Велес на ден 02.12.2025 година. Од страна на посебно формирана Комисија, на ден 16.12.2025 година, во просториите на Агенција за администрација спроведена е административна селекција. На огласот е пријавен вкупно 1(еден) кандидат, кој ги исполнува општите услови за прием на административни службеници, согласно одредбите од Законот за административни службеници и посебните услови предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Велес и Правилникот за изменување и дополнување Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Велес, по пат на унапредување.
Комисијата за селекција спроведе административна селекција со Записникот бр. 04-5479/10 од 16.12.2025 година, спроведе интервју со Записникот за спроведено интервју бр. 04-5479/11 од 16.12.2025 година. Од страна на Комисијата за селекција изготвена е финална ранг листа со предлог одлука за избор и му предлага на Секретарот на општината да изврши избор на прво рангираниот кандидат.
Врз основа на изнесеното се одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
Правна поука: Против Одлуката, има право на жалба до Агенцијата за администрација, во рок од осум дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страницата на институцијата.


