Врз основа на член 23, став 4 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005…..120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/2019 и 267/20) и член 11 од Законот на музеите („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/04…….39/16), а во врска со Јавниот конкурс бр. 08-4533/1, објавен на 26.11.2020 година во дневниот весник „Нова Македонија“ за избор на директор на Локалната установа „Народен музеј“  Велес

Градоначалникот на Општина Велес,  донесе

О Д Л У К А
за НЕ избор на директор
по пат на Јавен конкурс 

1.Се донесува Одлука за НЕ избор на директор на ЛУ „Народен музеј“- Велес.

2.Одлуката за НЕ избор на директор, ќе биде објавена на веб страницата и доставена до Управниот одбор на ЛУ „Народен музеј“- Велес и Комисијата за разгледување на пријавите по Јавен конкурс за избор на директор на ЛУ „Народен музеј“- Велес.

3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

На 26.11.2020 година, во дневниот весник „Нова Македонија“ беше објавен Јавен конкурс за избор на директор на ЛУ „Народен музеј“- Велес во Општина Велес. По спроведената постапка за конкурсот од страна на Комисијата  за разгледување на пријави по конкурс доставено е известување со бр. 04-183/1 од 09.12.2020година. Во истото се наведува дека нема доставено пријава за избор на директор, одноно нема пријавено кандидати.

Врз основа на горе неведеното, Градоначалникот на Општина Велес одлучи како во диспозитивот на Одлуката.