Врз основа на член 45 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/14, 5/16, 142/61 и 11/18), а во врска со јавниот оглас бр. 200/2019 година, објавен на 09.10.2019 година, во дневните весници „Нова Македонија“, „Вечер“ и „Лајм“ за вработување на административни службеници во Општина Велес,
Секретарот на Општина Велес, донесе
Одлука за НЕ избор на кандидат за административен службеник по пат на јавен оглас
О Д Л У К А
за НЕ избор на кандидат за административен службеник
по пат на јавен оглас
1.Со оваа Одлука НЕ се врши избор на извршител на работите на работно место:
Раководител на Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, евроинтеграции и локален економски развој, УПР 01 01 Б02 000 1 извршител(и)
2.Одлуката за НЕ избор на административен службеник, ќе се објави на веб страницата на општината и огласната табла на Агенцијата за администрација.
3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е
На 09.10.2019година, во дневните весници „Нова Македонија, „Вечер“ и „Лајм“ беше објавен оглас за вработување на административни службеници во Општина Велес, за следнoто работнo местo:
- Раководител на Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, евроинтеграции и локален економски развој 1 извршител(и)
За работното место НЕ се пријавени кандидати, кој ги исполнуваат општите услови за прием на административни службеници согласно одредбите од Законот за административни службеници и посебните услови предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Веле.
Согласно Записникот од извршената административна селекција за административен службеник бр.10-1693/4 од 28.10.2019 година од Агенцијата за администрација, утврдено е дека нема пријавени кандидати по објавениот оглас.
Согласно член 45, од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/14, 5/16, 142/61 и 11/18),), се донесе одлука како во диспозитивот.
Правна поука: Против Одлуката за НЕ извршениот избор, има право на жалба, преку Општина Велес, до Агенцијата за администрација, во рок од осум дена (8), од денот на објавувањето на одлуката на веб страницата и на огласната табла на Агенцијата за администрација.