Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22),

            Градоначалникот на Општина  Велес, на ден  19.02.2024 година  донесесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

 

  1. За  планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г1 – отворени, полузатворени и затворени складишта, на КП1064/2, КО Башино село и пристапен пат на дел од КП 1217/2, КО Башино село, општина Велес кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.С.Македонија бр. 32/20 и 111/23), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  1. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
  2. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г4.1 – отворени, полузатворени и затворени складишта, на КП1064/2, КО Башино село и пристапен пат на дел од КП 1217/2, КО Башино село, општина Велес нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
  • Предметниот проектен опфат е со површина од 2251 м2 со планирана поединечна намена Г4.1 – отворени, полузатворени и затворени складишта во градежната парцела ГП 1.1 и со дозволени комплатибилни намени согласно законска регулатива .
  • Со планскиот документ се планира реализирање на проект што не е предвиден со Уредбата за определување на проектите и критериумите врз кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина.
  • Со изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г4.1 – отворени, полузатворени и затворени складишта, на КП1064/2, КО Башино село и пристапен пат на дел од КП 1217/2, КО Башино село, Општина Велес треба да се овозможат услови за градба на објект, кој ќе овозможи позитивни ефекти со својата функција врз целото непосредно опкружување од аспект на повисока организација, инфраструктурна опременост и уреденост на просторот.

 

  • 4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена